Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М.(41) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“.

На 17.04.2026 пријавениот на мобилен телефон испратил пораки со заканувачка содржина на 36-годишна жена, со која претходно бил во љубовна врска, додека на 18.04.2026 на паркинг простор во Гостивар ја нападнал со метален предмет.