„Постапките на опозицијата се смешни. Љупчо Николовски поднесува интерпелација за министерот Цветан Трипуновски. Па токму тој Љупчо е најкриминалниот лик во земјоделие што се има случено“, истакна пратеничката Дафина Стојановска во вчерашната емисијата „Заспиј ако можеш“.

Пратеничката Дафина Стојаноска истакна дека Николовски и Трипуновски не се на иста мерна единица. Таа потсети дека Николовски плачеше да биде на пратеничка листа за да се вдоми.

„Што Љупчо Николовски покажал како министер за земјоделие? Што? Ништо! Фирми на кои што им доделувал тендери“, појасни таа.

Пратеничката додаде дека денеска со министерот Трипуновски има видливи резултати во земјоделството.

„Никој опозицијата не ја сфаќа сериозно, дури ни таа сама“, заклучи таа.