Американската амбасадорка Кејт Брнз и градоначалникот на скопската општина Чаир, Висар Ганиу, вчера го промовираа новоотворениот плоштад „Вудро Вилсон“, кој се наоѓа пред зградата на општината.

Плоштадот е именуван по 28-от претседател на САД, откако пред три години, Општина Чаир се збратими со градот Стонтон, родното место на Вилсон, една од најславните личности на американската политика.

По збратимувањето, беше поставена биста на американскиот претседател во дворот на општина Чаир, а потоа беше изграден и плоштадот „Вудро Вилсон“ пред општинскиот административен објект.

Плоштадот, поплочен со природен гранит, вклучува и амфитеатар со 80 седишта, сцена и фонтана.

Брнз е на заминување од Македонија, по тригодишното амбасадорување, а на нејзино место доаѓа Анџела Агелер, која и порано работеше во амбасадата на САД во Скопје.