Русите му испратија над 1,2 милиони прашања на својот претседател Владимир Путин за ТВ програмата „Директна линија“.

Тасс јави дека до утринава, до 9 часот по московско време, биле примени точно 1.256.048 прашања за рускиот претседател, од кои 658.183 преку кол центарот,  331.070 прашања биле испратени преку СМС или ММС, на интернет страницата 129.336 и 103.972 преку мобилната апликација „Москва-Путин“.

Уште дополнителни 33.487 прашања биле примени преку социјалните мрежи.

ТВ каналот „Русија 24“ забележува дека вакцинацијата и борбата против Ковид-19 се меѓу најпопуларните теми за кои Русите сакаат да го прашаат претседателот, во програмата „Директна линија“ што ќе се одржи денеска.