Над 100 пратеници од Европскиот Парламент се обратија со отворено писмо до граѓаните на Велика Британија во кое ги повикуваат да се откажат од брегзит.

– Заради идните поколенија, ве молиме да се предомислите за излегување од Европската унија, се вели во писмото објавено од германски медиуми. Тоа ќе биде објавено во Британија пред гласањето за брегзит во Парламентот.

Европратениците уверуваат дека при откажување од напорите за напуштање на ЕУ, тие се подготвени да соработуваат со Британците за „реформирање и подобрување на ЕУ“.

– Сакаме да испратиме сигнал до народот и до Парламентот и да им кажеме: Ако Британците одлучат да останат, тоа ќе биде пречекано со радост, коментираше европратеникот Петер Лизе кој е меѓу потписниците на писмото.