Повеќе од 300 лица се повредени во шпанскиот град Виго откако синоќа се урнала платформа за време на еден концерт.

Девет лица се префрлени во болница, од кои пет се потешко повредени, соопштија здравствените власти на провинцијата Галиција. Станува збор за искрешници и повреди на лицето. Ниту едно лице не се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

Настраданите биле на музичкиот фестивал О Марискињо на пристаништето во близина на центарот на градот. Раперот Рилс. Б. Имал свој концерт околу полноќ кога платформата на која се наоѓала публиката пропаднала. Некои паднале во морето, некои останале загалавени. Веднаш биле испратени нуркачи и темрални камери за да се провери дали некои останале во морето.

„Беше хаос, како во хорор филм“, напишал некој на Твитер.

Се уште нема информација зошто платформата пропаднала.

Инаку, на фестивалот имало околу 160.000 гледачи.