Од Инситутот за родова еднаквост на Белгија соопштија дека во текот на изминатата година 414 лица го смениле својот родов идентитет.

Од 2018 година во Белгија е олеснета процедурата за промена на родовиот идентитет, меѓу другото преку укинување на обврската за медицински и психолошки консултации кои беа задолжителни пред законот за трансродовост.

Откако законот е во сила, стапката на лица кои се одлучуваат за промена на нивниот род во личните карти е стабилен меѓу 400 и 500 лица, освен првата година кога се зголемила над 700.

Уставниот суд на Белгија смета дека законот за трансродовите лица се уште не е доволно инклузивен кон лица кои се сметаат за родово флуидни или небинарни.