Над 500 компании досега потврдиле учество на вториот Меѓународен саем за увоз во Кина што ќе се одржи во почетокот на ноември соопштија органзиаторите. Тие се од 40 држави и региони и повеќе од 70 од нив се на листата на Форчн глобал 500, и водечки во различни индустрии.

Околу 80 отсто од компаниите учествувале на првиот саем и повеќето од нив имаат намера да прошират изложбени штандови оваа година, најавуваат организаторите.

На првиот Меѓународен саем за увоз во Кина што се одржа од 5 – 10 ноември минатата година во Шангај учествуваа вкупно 172 држави и меѓународни организации и над 3.600 компании.