Шпанецот Рафаел Надал доцна синоќа во второто коло на „Ролан Гарос“ го победи Корентин Муте – 6:3, 6:1, 6:4.
За 21-кратниот шампион ова е 300. Грен слем победа.
Повеќе од Надал мечеви со позитивен исход имаа само Новак Ѓоковиќ (325) и Роџер Федерер (369).
По процентот на победи (87,9%), подобар од Надал е само Бјорн Борг (89,2%).
На „Ролан Гарос“ 13-кратниот шампион има одиграно 110 натпревари и забележано 107 победи.