Рафаел Надал се квалификуваше за четвртфиналето на „Мастерс“ турнирот во Монтреал, откако го победи Гвидо Пеја со 6:3, 6:4 за 1 час и 41 минута.

Така, Шпанецот го престигна својот голем ривал Роџер Федерер во победи на турнири во оваа категорија и сега има 379. Тој е и човекот со најмногу „Мастерс“ титули (34), а доколку стигне до финалето, ќе го надмине Федерер како број 2 на светската ранг-листа.

Надал забележа 7 асови и 3 брејка за да постигне победа што не дојде лесно и покрај резултатот. Тешките услови на теренот поради силниот ветер го направија натпреварот непредвидлив, но Шпанецот на крајот ја задржа ладнокрвноста во важните моменти и се избори за победа.

Во спорот за полуфиналето, Рафа ќе игра со седмотопласираниот Фабио Фоњини. Италијанецот го победи Адријан Манарино со 6: 2, 7: 5.

Еве ги останатите 1/4-финални парови кајмажите:

Гаел Монфис – Роберт Баутиста Агут;
Карен Хачанов – Александар Зверев;
Даниел Медведев – Домински Тим.