Третиот светски рекет Шпанецот Рафаел Надал го коментираше пласманот во 1/8 финалето на УС Опен.

Во мечот од третото коло Надал го победи Французинот Ришар Гаске и ја продолжи победничката серија над него на 18 натпревари. Средбата траеше 2 часа и 17 минути.

– Ова е мојот најдобар натпревар на турнирот. Треба да продолжам да напредувам. Тоа е добра победа за мене, победа во три сета. Поминав низ се со позитивни чувства. Без сомнение, среќен сум што сум во четвртото коло, изјави Надал на прес-конференцијата по натпреварот.

Во 1/8 финалето Надал, кој е трет носител на турнирот ќе се сретне со Американецот Френсис Тиафо.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 60,1 американски долари.