Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е среќен поради враќањето на теренот на Енди Мареј.
Британецот претходно изјави дека поради здравствени проблеми се соочува со крај на кариерата.
– Ова е одлична вест за нашиот спорт. Среќен сум за Мареј. Ова значи дека тој се опоравил. На почетокот на оваа година тој рече дека ја завршува кариерата. И веќе по седум месеци тој е доста конкурентен, истакна Надал.
Шпанецот во моментов настапува на АТП турнирот во Монтреал, Канада. Тој е прв носител на турнирот и се пласира во полуфинаето.