Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман ги сумираше впечатоците од настапот во првото коло во германското првенство. Неговиот тим синоќа на гостински терен одигра 1:1 со Борусија Менхенгладбах.

– Никогаш нема да бидете задоволни ако не победите. Двата тима имаа свои моменти. Во второто полувреме тие имаа среќа кога не реализиравме одлични шанси. Гледачите видоа возбудлива игра. На крајот, имаше неколку спорни одлуки. Сепак, ова е чесно реми, игравме со собар противник. Треба да направиме уште неколку подобрувања, вели Нагелсман во интервјуто за официјалната веб-страница на клубот.

Натпреварот во Менхенгладбах беше прв официјален за Нагелсман како главен тренер на Баерн Минхен.