На годинашното издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга, денес на распоредот се последните натпревари од групната фаза.

На третиот ден од турнирот се среќаваат:
Тиквеш – Еурофарм Пелистер (почеток 19 часот)
Вардар – Бутел (21 часот).

По вчерашните мечеви на кои Еурофарм Пелистер минимално со 25:24 го совлада Металург и ремито на Струга со Бутел (23:23), поредокот во двете групи е:

Група 1: Тиквеш 3 бода, Еурофарм Пелистер 3 , Металург 0.

Група 2: Вардар 3 бода, Бутел 1, Струга 1.