Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман смета дека не му е сигурна позицијата во стручниот штаб по елиминацијата во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
– Испаднавме од Купот на Германија. Полуфиналето во Лигата на шампионите секогаш е минималната цел за Баерн. Не знам што ме чека. Сигурно е дека ќе играме со Арминија во Бундеслигата. Не се плашам, има и полоши работи, изјави тренерот на Баерн за „Amazon Prime“.
Баварците синоќа на домашен терен одиграа 1:1 со Виљареал и по поразот (0:1) во Шпанија, доживеаја елиминација во четвртфиналната фаза од елитното фудбалско натпреварување.