Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман како многу позитивна ја оцени конкуренцијата во тимот.

– Пред почетокот на сезоната решивме да има сериозна конкуренција во Баерн. Би било чудно да имаме поинакво мислење. Мислам дека тоа е важно за секој клуб. Во меѓувреме, сè оди доволно добро. Штом има многу кандидати за место во првиот состав, тогаш нормално е секој да го дава максимумот на тренинзи и на натпревари за да се избори за позицијата „стартер“, изјави Нагелсман.

Предводникот на Баварците не е загрижен поради тоа што неговиот тим игра променливо во почетните кола од новата бундеслигашка сезона.

Вчера Баерн одигра 1:1 на гостувањето кај Унион Берлин.

По пет кола во Бундеслигата, Баерн има освоено 11 бодови и се наоѓа на третото место. Водат Фрајбург и Борусија Дортмунд со по 12 бода.