Јусеин Болт објави дека е заразен со коронавирус.

Атлетичарот од Јамајка и најбрзиот човек на сите времиња беше тестиран на Ковид-19 и тестот беше позитивен.

Болт сега е во изолација.

Во петокот го прослави својот 34-ти роденден и направи голема забава, на која немаше социјално дистанцирање, немаше носење маски.

Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг беше на забавата, како и играчот на Баер Леверкузен, Леон Бејли.

Болт сега го очекува 14 дена домашна изолација.