На 105-годишна возраст денеска почина најдолговечниот хрватски политичар Јосип Манолиќ, објавија загрепските медиуми.
Манолиќ е роден на 22 март 1920 година во Калиновац, а од 1939 година е член на Комунистичката партија и учесник во Втората светска војна. Од 1948 година бил раководител на Секретаријатот за внатрешни работи на Хрватска. На чело на Секретаријатот за внатрешни работи на СФРЈ бил во 1960 година.
Тој е еден од основачите на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), заедно со првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман.
На изборите во 1990 и 1992 година е избран за пратеник во хрватскиот Сабор.
Бил потпретседател на Претседателството на Република Хрватска во 1990 година и премиер на Хрватска 1990-1991 година.
Тој се разиде со ХДЗ во 1994 година и ја основа партија Хрватски независни демократи. Автобиографската книга „Политика и татковина: мојата борба за суверена и социјална Хрватска“ ја објави во 2015 година.
фото: принтскрин