Во рускиот Источен воен округ почнаа најголемите воени вежби во историјата на постсоветска Русија, јави агенцијата ДПА.

Во вежбите „Исток-2018“ во рускиот Далечен исток учествуваат 300.000 војници, повеќе од 1.000 авиони, хеликоптери и дронови, 36.000 тенкови, оклопни транспортери и други оклопни возила, како и 80 бродови и помошни објекти, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството прецизира дека ова се најголемите воени вежби во Русија од 1981 година.

Вежбите ќе траат до 17 септември, а во нив учествуваат и воени единици од Кина и Монголија.