Московската полиција приведе најмалку осуммина новинари за време на тивките демонстрации против притисокот на руското судство врз независните медиуми, јави ДПА.

Претставниците на медиумите протестираа вчера пред седиштето на домашната разузнавачка служба ФСБ, на плоштадот Лубјанка, против нивниот прогон како „странски агенти“.

Демонстрациите се организираа откако во петокот руските власти во класификацијата „странски агент“ го ставија и популарниот и независен онлајн радиодифузер „Дожд“, кој критички известува за Кремљ, додаде гераманската агенција.

Засегнатите критикуваат дека означувањето за „странски агент“ доведува до исклучување и практично слободната новинарска работа ја прави невозможната. Некои медиуми веќе ја прекинаа својата работа од страв за својата иднина.

„Новинарството не е злосторство“ беше напишано на еден плакат на демонстратор, како што објави порталот за човекови права ovdinfo.org.

Полицијата ги одведе новинарите без да наведе каква било причина за тоа или да наведе наводна повреда на правилата за коронавирус, наведуваат оттаму.

Главниот уредник на радио станицата „Ехо на Москва“, Алексеј Венедиков, ги обвини властите за „апсолутна злоупотреба на правата“ поради одлуката во „Дожд“.

-Знаеме дека нашите колеги се чесни професионалци и посакуваме тие да одат на суд против оваа неправедна и политичка одлука, рече Венедиков.

Контроверзната листа на „странски агенти“ сега вклучува 18 организации и 25 лица, пренесува ДПА.

Медиумите и невладините организации кои добиваат пари од странски земји мора да се регистрираат како „странски агенти“ во Русија и да го откријат својот имот.