Најмалку осум лица лица ги загубиле животите во денешниот земјотрес што ја погоди Источна Турција со интензитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала. Тоа им го соопштиле официјални лица на локалните медиуми.
Претходно министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека загинати се четири лица.
– Се надеваме дека нема да има други жртви. Според сегашните информации загинати се четири лица – двајца во Елезиг и двајца во Малатија, изјави Сојлу.
За жал, неговите информации очигледно не биле целосни.