Најмалку пет мигранти денеска се удавија во обид да го преминат Ла Манш со брод од францускиот град Вимеро, јави локалниот француски весник „Гласот на северот“.

Портпаролката на локалната полиција рече дека не може да каже колку луѓе имало во чамецот, но додаде дека се пронајдени неколку безживотни тела.

Портпаролот на крајбрежната стража изјави дека во тек е потрага по исчезнати на море.