На социјалните мрежи е објавена фотографија, како што пишува во објавата, од веројатно најстариот учесник на протестите во Скопје што деновиве се одржуваат против францускиот предлог и бугаризацијата на Македонија.
– Дедово има 108 години и излегол на протести да ја брани Македонија. Гледам и плачам…плачам од јад, од бес, од немоќ. И душава ми колне. Што ни направија една рака некадарници? За колку грантови коските на претците и коренот на потомците го продаваат? Мирот на старците го нарушија и младите ги избркаа. Душава ми ги проколнува, аир да не видат и мир да не најдат предавниците, пишува во објавата на профилот на Благица Сековска.
Таа појаснува дека фотографијата е направена од Весна Крстевска.
На протестите кои траат веќе десетина дена може да се видат многу млади, но и повозрасни лица, како и лица кои со помагала доаѓаат да дадат поддршка.