Врховнот судија Наке Георгиев во притвор, неговиот адвокат поднесе жалба, а заменик претседатлеот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети негира инволвираност во аферата за 10 илјади евра од синот на екс градоначалникот Боро Стојчев познат како Боро Марлборо.
Во жалбата што бранителот на Георгиев ја поднел до кривичниот совет навел повеќе аргументи меѓу кои и тоа дека не требало да добие притвор затоа што ниту за обвинителството не постоела опасност дека ќе избега. Најстрогата мерка врховниот судија ја добил поради другите два законски основи, влијание врз сведци и повторување на делото. Адвокатот Тумановски смета дека не може да стане збор ниту за опасност од повторување на делотото затоа што Судскиот совет го суспендираше Георгиев од работното место.
-Поднесена е жалбата со која бараме поблага мерка бидејки притворот не е определен поради опасност од бегство а за другите две точки по кои се опредлеува притворот, судот имал на располагање други мерки за обезбедување на судијата Наке Георгиев кои не ги искористил согласно член 144 од ЗКП, изјави Александар Тумановски, бранител на Наке Георгиев
Георгиев се брани дека е наместен. Кривична одговорност отфлра и второсомничениот Иџет Мемети кој во изјава за Телма вели дека не го познава ниту обвинетиот Стојчев ниту неговиот син кој пријавил во полиција и доставил снимки
-Убеден сум дека не е коректно во овој момент било што да кажам, затоа што сметам дека потребно е да се остават правосудните органи професионално да постапуваат. Од друга страна одговорно изјавувам дека ништо противзаконито не сум направил и тоа ќе се одкаже преку постапка. Толку можам да кажам за јавноста, рече Мемети.
Мемети утре треба да се појави во Кривичен, каде судија на претходна постапка ќе одлучува по барањето на обвинителството да му се определат мерки на претпазливост, одземање на пасош и редовно јавување во суд. Обвинителството се одлучи за поблаги мерки за него со објансување дека доказите не даваат основа за да предложат најстрогата мерка, притвор.
Од Советот на јавни обвинители каде Мемети е заменик претседател најавија дека следната недлеа ќе одржи сединица или ќе излезат со соопшетение.
-Ние како Совет ги разгледуваме законските можности со оглед на новоноастаната состојба за преземање евентуално некакви чекори. Деновиве не се присутни сите членови и затоа оваа неделеа не можеме да се произнесеме со конкретен став изјави Душица Димитриевска, претседател на Совет на јавни обвинители
Во Врховен вчера на седница претседателеката Беса Адеми, ги информирала колегите за започната кривична постапка против Георгиев, за неговата суспензија, преземените активности и соработка со надлежните институции во врска со случајот.
На денешната cедница на судии беше истакнато дека едни од основните заложби на Врховниот суд како највисок суд во државата е владеење на правото, независно и ефикасно судство ослободено од било какви влијанија и ефикасна борба против корупцијата во согласност со начелата на кривичната постапка, пишува во соопштението од Врховен
Обвинителството ги сомничи двајцата функционери од правосудството дека за 10 илјади евра лажно ветувале погодности за Стојчев обвинет во предметот познат како Чибук, за шверц со марихунана. Остана нејасно за какви погодности станува збор. Телма вчера објави дека денот кога беше уапсен врховниот судија, Кривичен му ја потврдил спогодбата на Стојчев од 5 години и 3 месеци.