Полициски претставници во Пекинг потврдија дека маж со нож ранил најмалку 20 деца во основно училиште во главниот град на Кина.

Кинески медиуми објавија дека повредените деца се префлени на лекување во болница.

Тројца ученици се тешко повредени и повеќемина се на интензивна нега.

Напаѓачот е приведен, а трагедијата се случила околу 11 часот по локално време. На инсерти и фотографии објавени на социјални мрежи се гледа како родители бараат информации од персоналот во училиштето.