Припадници на пограничната полиција во Таџикистан убија 15 лица, кои рано изутринава извршиле напад во близина на границата со Узбекистан, соопшти Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека во акцијата загинале и двајца припадници на безбедносните сили.

Вооружените напаѓачи нападнале полициска единица околу 03,30 часот по локално време во близина на границата и околу 50 километри од главниот град на Таџикистан, Душанбе.

Полицајците одговориле на нападот, а четворица напаѓачи се уапсени.