Во денешниот билтен на МВР се пријавени три напади од улични кучиња врз граѓани.

На 12.06.2020 во 19.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, К.Л.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Цветан Димов“ бил каснат од кучиња скитници.

На 12.06.2020 во 18.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Б.С.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Индира Ганди“ била касната од куче скитник.

Вчера 12.06.2020 во 19:40 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.А.(70) од Скопје пријавил дека на ул.„Живко Фирфов“ бил каснат од куче скитник.