Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ соопшти дека во неделата во Мадрид е нападната српската амбасадорка во Шпанија и повика на целосна истрага и гонење на сторителот, јави дописникот на МИА од Белград.
-Најостро го осудувам подмолниот физички напад врз амбасадорката Ирена Шарац во центарот на Мадрид. Ваквите акти на насилство се неприфатливи и на нив мора да се одговори со брза и решителна акција, соопшти шефот на српската дипломатија септември на социјалната мрежа Х.
Од Министерството за надворешни работи на Србија (МНР) засега не објавуваат повеќе детали за овој случај.
Српските медиуми дознаваат дека во неделата доцна попладне во центарот на Мадрид, млад човек физички ја нападнал амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац, на улицата каде што живее и и нанел повреди на грбот.
Според сведочењето на присутните, на амбасадорката Шарац, која телефонски разговарала на српски јазик, и пришол помлад маж, за кој по говорот се претпоставува дека е со албанско потекло и ја прашал дали е од Србија, по што ја удрил со нога во грбот и побегнал.
Неколку сведоци потоа неуспешно се обиделе да го фатат напаѓачот. Нападот бил пријавен во полиција која пристигнала на местото на настанот и извршила увид. Амбасадорката Шарац е во добра состојба.
Фото: МНР на Србија