На само два месеци пред избори, владата на СДС и ДУИ преку сомнителниот тендер на ископ на јаглен во РЕК Битола се обидува да укради дополнителни 46 милиони евра на омилената фирма Марковски компани. На само два месеци пред избори пред очите на јавноста се случува мега криминал, а ЈО се уште молчи. Имено, почесниот конзул во Белорусија, Борче Марковски добива фрапантни 46 милиони евра тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола преку Електрани на Македонија, иако понудата била највисока од останатите понуди за дури 30 проценти, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Спорен момент е што додека Марковски компани добива тендер за ископ на јаглен во висина од 46 милиони евра, истата механизација веќе работи по претходно добиен тендер, односни три паралелни тендери со иста механизација. И тоа ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива за ископ на јаловина со градежна оператива ја понудил истата работна сила и рударско-градежна механизација, како и на новиот тендер од 46 милиони евра. Како е возможно една иста механизација на Марковски компани во исто време да биде на три различни локации и да ги врши работите на сите три тендери? ЈО мора да испита и зошто Марковски компани иако дал највисока понуда го добил тендерот од 46 милиони евра? Дополнително што треба да се одговори е кои се причините и мотивот што лицата Пеце Матевски, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кои претходно одбивале да се потпишат на тендерот за ископ на јаглен од 46 милиони евра, подоцна ја прифатиле понудата и се потпишале, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека ЈО мора веднаш да истражи дали има финансиски интерес за ваквата промена на ставовите на горе споменатите лица.
-И покрај тоа што постојат сериозни индиции за криминал ЈО се уште молчи и не отвора истрага по допрен глас за тендерот во вредност од 46 милиони евра народни пари. Со овие пари можеа да се изградат неколку средни училишта, градинки, да се реконструираат улици и патишта. Но, владата на СДС и ДУИ пред заминување врши уште еден грабеж на парите на граѓаните. Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо, како за државата така и за граѓаните. За овој мега криминал мора и ќе има одговорност. Важно е да ги поразиме, велат од партијата.