Власта упорно тврди дека и по последното големо поскапување на нафтата и нафтените деривати кај нас таа е најевтина во споредба со другите земји од регионот.
Овие изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски паѓаат во вода ако се пресмета колку литри гориво може да се купи со просечна плата во Македонија, а колку во други земји од регионот.
– Нафтата за Ковачевски, Крешник и Бислимовски можеби е евтина или бесплатна, но за народот е скапа, објавува денеска на својот профил на Фејсбук пратеникот и поранешен министер, Антонио Милошоски.
Од графиката што е објавена може да се види дека со една просечна плата во во Хрватска 656, литри дизел, во Грција 655, во Бугарија 456, во Србија 409, а со просечната плата во Македонија може да се купат само 342 литри гориво.
Според бројките, се потврдува ироничниот коментар дека „кај нас нафтата не поскапува, само што за истата цена може да се купи помалку гориво“.