Тоа што Државниот секретар во македонското Министерство за култура на Валмир Азири ја избриша заканувачката објава на неговиот профил на Фејсбук, нема да го спаси од гонење, бидејќи пратеникот Антонио Милошоски веќе поднел пријава во полициската станица во Центар во Скопје, а МВР треба да почне да постапува по пријавата.

По оваа пријава треба да постапува Секторот на МВР за електронски криминал и ширење на омраза и насилство преку електронски пат, каде што влегуваат и социјалните мрежи.

Државниот секретар Азири вчера ја напиша објавата, па потоа ја избриша, но од МВР на пратеникот Милошоски му рекле дека тоа нема да го спаси од натамошно гонење, бидејќи МВР има соработка со социјалната мрежа Фејсбук, и преку барање кое ќе го упатат до нив, тие преку ИП адресата ќе ги пронајдат сите објави што Азири ги споделил во текот на вчерашниот ден, без оглед што тој потоа ја избришал објавата.

Покрај тоа, објавата веќе и ја пренесоа повеќе медиуми.

Милошоски во полициската станица Центар во Скопје пред надлежен службеник го пријавил функционерот на ДУИ Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура, за синоќа искажаните закани за физичко насилство кон Милошоски.

Азири синоќа предку Фејсбук повика на физичко насилство против Милошоски. Денеска постот го нема на Фејсбук на профилот на Азири.

Повикот беше испратен во врска со настанот во Собранието, кога претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми кон опозицијата фрлаше предмети.

По овој настан Азири објави:

„Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците, пишувало на постот.