Белорусија, близок руски сојузник, наскоро би можела да ја нападне Украина и се подготвува да и дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје на белоруска територија, изјави висок разузнавачки претставник на НАТО.

Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека Алијансата е загрижена оти белоруски трупи би можеле да се приклучат на борбата во Украина.

– Белоруската Влада ја подготвува околината за да ја оправда офанзивата врз Украина и неизбежното распоредување на руско нуклеарно оружје во Белорусија, нагласи тој.

Украинските власти јавно предупредија дека Белорусија би можела да се приклучи на војната. Додека Белорусија им дозволи на руските трупи да ја користат нејзината територија за да започнат копнени и воздушни операции, НАТО не виде никакви цврсти докази дека белоруски војници биле директно вклучени во војната во Украина, истакна претставникот на Алијансата.

– Не ви велам дека утре ќе стават нуклеарно оружје таму. Мислам дека тие презедоа политички чекори за да можат сега да прифатат нуклеарно оружје доколку се донесе таква одлука, изјави високиот разузнавач.