Турција ќе го информира НАТО „за провокациите на грчката страна со употреба на противвоздушни ракетни системи С-300 во регионите на Егејот и Средоземното Море“, го пренесува агенцијата „Анадолија“ соопштението на турското Министерство за национална одбрана.

Министерството соопшти дека грчките системи за противвоздушна одбрана од руско производство биле користени за следење на активностите на турските борбени авиони „Ф-16“ западно од грчкиот остров Родос. Грција категорично ги отфрла тврдењата на Турција.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека дејствијата на Грција се спротивни на „сојузничкиот дух“ и оти за тоа ќе ги информира Секретаријатот на НАТО и земјите-членки.

Грчките аналитичари коментираат дека Турција се обидува да го искористи наводниот инцидент за да покаже дека со своите ракетни системи „С-300“ од руско производство Грција всушност ја изложува одбраната на НАТО на идентичен ризик за каков е посочена Анкара поради нејзините набавки на системи „С-300“ и „С-400“.