Американски научници успеаја за прв пат генетски да го променат имунолошкиот систем на тројца пациенти со карцином, без да предизвикаат несакани ефекти со помош на CRISPR, нова алатка која воведува револуција во биомедицинските истражувања.

Со нетрпение очекуваните резултати од првата фаза од клиничкото испитување беа објавени во списанието „Science“.

Тие претставуваат нов чекор, кој сè уште не докажува дека CRISPR (ДНК секвенци) може да се користи за борба против ракот.

Со помош на вирус ги вооружале Т-клетките

Во меѓувреме, еден од пациентите починал, а двајца им се влошила болеста, но истражувањето покажало дека техниката е безопасна.

Научниците од Универзитетот во Пенсилванија (УПен) ги изолирале Т-клетките од крвта на пациентите и, користејќи CRISPR, ги отстраниле гените од клетки, кои може да му сметаат на имунитетниот систем да се бори против карцином.

Потоа со помош на вирус ги вооружале Т-клетки за напад на белковините (или протеините) вообичаени во клетките на ракот, познати како NY-ESO-1, а потоа ги вратиле клетките во пациентите.

Досега не постигнаа поголеми клинички резултати

Лидерот за истражување, Едвард Статмауер, изјави  дека третманот со Т-клетки, кои ги користи имунолошкиот систем на пациентот за уништување на карцином е пресврт во изминатата деценија, но додаде дека дури и со оваа технологија има многу пациенти кои не реагираат.

Идејата во ова истражување е да се комбинираат два нови пристапа за понатамошно зајакнување на Т-клетките.

Досега не се постигнати поголеми клинички резултати, но тој смета дека важноста на оваа студија е тоа што оваа многу комплицирана постапка била успешно изведена.