По синот и кумашинката на бившиот премиер Зоран Заев, како и сопругата на актуелниот премиер Димитар Ковачевски, во бизнисот со струја влезе и таткото на министерот за транспорт и врски и сопартец на Зев и Ковачевски, Благој Бочварски.
Како што пишува економскиот портал Фактор, таткото на Бочварски, Венцислав Бочварски од Штип, е управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи.
Сопственик на новата фирма од Штип е Техноинвест Штип, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Формата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари, пишува Фактор.
Досега единствената фирма на таткото Бочварски која беше позната во јавноста е Де Лукс ДОО, споменувана во критиките на опозицијата дека учествува на јавни набавки додека синот Бочварски извршува функции.
Целиот текст може да го прочитате во ФАКТОР.