Голманот на Реал, Кејлор Навас сака да го напушти мадридскиот тим, објави „Марка“.
Според шпанскиот медиум, 32-годишниот фудбалер и репрезентативец на Костарика сака да добие стандардно место во првиот состав во новиот клуб.
Минатата сезона Навас одигра 21 натпревар за Реал Мадрид и постигна 21 гол.
Договорот на Навас е важечки до 30 јуни 2020 година.
Вредноста на голманот на фудбалскиот пазар се проценува на 10 милиони евра.