НАВЕДНАТА ВЛАДА, САБЈА НЕ ЈА СЕЧЕ: Бугарија ја понижува Македонија и по сите отстапки од власта на Ковачевски

/ 29.01.2023

И покрај сите отстапки кои ги направи Владата, Македонија е понижувана и трпи критики од Бугарија, избори се нужност за промени, се вели во денешната реакција од  опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение целото соопштение:

СДС и ДУИ ги направија сите национални отстапки, ја понижија државата. Власта свесно ја втурна Македонија во состојба на политизација на европската агенда. ВМРО-ДПМНЕ апелираше да не се прифаќа се, но СДС не послуша и прифати се на штета на народот.

Владата трајно ги оштети Македонските позиции, на сметка на Бугарија.

Владата на СДС и ДУИ е повеќе како влада на Бугарија и Албанија, наместо само на Македонија.

И додека веднат кичма, криминалот и корупцијата цветаат, и бизнисите на нив блиски луѓе се шират низ државата.

За влез во ЕУ не треба да се исполнат ултиматуми, туку црвсто владеење на право, стабилни институции, добра бизнис клима, предвиливост на правниот и даночниот систем, со СДС и ДУИ ништо суштински не е подобрено, напротив е уназадено, се вели во соопштението на патијата.


Од истата категорија