Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис, се врати на теренот по 30 пропуштени натпревари поради повреда. Тој рано во поразот на Лејкерс од Далас маверикс (110:115) одигра 17 минути.

Дејвис, кој беше во почетната петорка постигна четири поени, четири скока, една асистенција, една украдена топка и една блокада, со удар во поле 2 од 10.

Дејвис за кого се очекува со Леброн Џејмс да бидат главните адути на Лејкерс за одбрана на титулата во НБА-лигата, немаше играно од 15 февруари.