Центарот на Денвер, Никола Јокиќ не пристигна во Орландо со своите соиграчи, пренесува „Денвер пост“.
Кошаркарот мора да помине два негативни теста за коронавирус во Србија, па потоа ќе смее да се врати во САД.
Откако ќе се врати во Америка, Јокиќ ќе треба да има уште два негативни теста пред да може да замине во Орландо каде ќе се доигра сезоната во НБА лигата.
Дваесет и петгодишниот српски кошаркар беше позитивен на коронавирусот, откако беше во Белград и имаше контакт со напаѓачот на Партизан, Николае Јанковиќ и со првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ.