Демијан Лилард со години е еден од најдобрите бек-шутери во НБА. Оваа сезона, Ѕвездата на Портланд игра на врвот на своите способности, обидувајќи се да ги донесе Блејзерс до посакуваната осма позиција во Западната конференција.

За жал, тој во изминатите седум години не успеа да постигне значителен успех во тимот. Затоа многумина одбиваат да веруваат дека 29-годишниот бек ќе остане во Орегон.

Според Марк Берман од „Њујорк пост“, плејмејкерот би сакал да се пресели во Њујорк Никс или во Лос Анџелес Лејкерс доколку биде разменет. Засега, Лилард останува лојален на својот тим и никогаш јавно не изјавил дека сака да си замине, но потенцијалниот пад на „пешаците“ од битката за плеј-оф би можело да ја смени ситуацијата.

Следната година ќе биде последна од договорот на Демијан, па ова е уште една опција за потенцијално „збогум“ со организацијата Портланд.