Крис Пол е петти играч во историјата на НБА-лигата кој одигра 500 натпревари со 10 асистенции или повеќе. Триесет и петгодишниот кошаркар на Феникс им се придружи на Џон Стоктон, Меџик Џонсон, Џејсон Кид и Стив Неш.

Ноќеска Пол им помогна на Санс да ги совладаат Хјустон рокетс на гости со 133:130 постигнувајќи 19 поени, 11 асистенции, пет скока и четири украдени топки.

Феникс ја освои шестата последователна победа и е на второто место во Западната конференција.

Во текот на својата кариера, Пол одигра 1.067 натпревари, во просек постигнувајќи 18,3 поени, 9,4 асистенции, 4,5 скока и 2,2 украдени топки.