Во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, е поставен рекорд за најмногу трипл-дабл остварувања во еден натпреварувачки ден.

Шест играчи ноќта среда кон четврток имаат двоцифрени достигнување во три статистички категории: Расел Вестбрук (Вашингтон), Џејмс Харден (Бруклин), Бен Симонс (Филаделфија), Домантас Сабонис (Индијана), Дрејмонд Грин (Голден Стејт) и Никола Јокиќ (Денвер).

Претходно, рекордот по бројот на трипл-дабл во еден ден беше пет и беше поставен на 14 март.