Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс рано утрово забележаа победа на гостувањето кај Сакраменто кингс со 105:89 и ја прекинаа серијата од три загубени средби.

Најефикасен играч на натпреварот беше Тајрис Халибартон од Сакрамнето со 22 поена.

Клиперс со биланс 17 победи и 15 порази се на 5.место во Западната конференција, Сакраменто има ефект 13-20 и се наоѓа на 12. место.

На другите натпревари од НБА-лигата одиграни ноќта среда кон четврток постигнати се овие резултати:
Атланта – Орландо 98:104
Бостон – Кливленд 111:101
Милвоки – Хјустон 126:106
Оклахома – Денвер 108:94.