Кошаркарите на Сакраменто ја прекинаа низата од шест порази во низа. „Кингси“ ноќеска славеа над Чикаго со 98:81 за 16 победа во сезоната со која остануваат на 13. место во Западната конференција.

Победата ја oбезбедија во последната четвртина што ја добија со 23:12 за заслужен триумг на паркетот на Чикаго. Најзаслужни притоа беа Бади Хилд со 21 поен и осум скока, Харисон Барнс додаде 19, а Деарон Фокс – 18.

Најмногу кошеви за „биковите“ реализира Зек Левин – 21.

Резултати: Детроит – Мемфис 112:125, Орландо – Бостон 98:109, Њујорк – Торонто 112:118, Чикаго – Сакраменто 81:98, Мајами – Л.А. Клиперс 117:122, Минесота – Хјустон 124:131, Њу Орлеанс – Денвер 106:113, Оклахома – Атланта 140:111, Сан Антонио – Феникс 99:103, Голден Стејт – Индијана 118:129.