Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола со барање до Фудбалската асоцијација на Англија за унинување на Лига купот.

– Укинете го ова натпреварување. Ќе има помалку натпревари, помалку натпреварувања, помалку клубови, помалку квантитет, но повеќе квалитет. Луѓето може да живеат и без фудбал, ова е премногу, рече Гвардиола.

Тој упати забелешки и за распоредот на натпревари за време на зимскиот период.

– Сезоната ја почнуваме со еден меч неделно во летниот период, за подоцна да имаме по два-три меча во една седмица. Тоа темпо трае предолго што фудбалерите не може да го издржат. Најдобро би било да не се игра Лига купот. Такво нешто би било од корист за играчите, додаде Гвардиола.

Сити е на чекор до освојување на титулата во Лига купот по третпат во низа, по победата над Манчестер јунајтед со 3:1 во првиот полуфинален дуел. Реваншот е на 29 јануари, а победникот во финалето ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Астон Вила и Лестер.