На „Ол-стар“ натпреварот во НБА одигран ноќеска, тимот на Леброн Џејмс ја победи екипата на Кевин Дурант со 170:150. Средбата се одржа во Атланта. Ова беше 70. Ол-стар натпревар во историјата на лигата.

Кај победниците најефикасен беше Јанис Адетокунбо со 35 поени.

Бредли Бил се истакна во поразениот тим со 26 поени.

За најкорисен играч на натпреварот (МВП) е прогласен Адетокунбо. Гркот од Милвоки бакс, воедно постави рекорд на мечот на ѕвездите на НБА. Ги реализира сите 16 удари и стана првиот кошаркар на „Ол стар“ што не промашил 10 или повеќе удари.

Во натпреварот за најдобро забивање победи Анферни Симонс од Портланд, додека во тројки најпрецизен беше Стеф Кари од Голден Стејт.

Литванецот од Индијана, Домантас Сабонис победи во натпреварот за вештини.