Најбрзиот Африканец, Фердинанд Оманујала (26) ќе го пропушти Светското првенство во атлетика, кое утре почнува во американскиот град Јуџин откако не доби виза за влез во САД.

– За жал, нема да настапам на Светското првенство, бидејќи навреме не добив виза. Тоа е тешко да се прифати, бидејќи напорно работев и тренирав и покрај болките што ги чувствувам. Се надевам дека ќе настапам на следното Светско првенство догодина во Будимпешта, изјави Оманујала.

Тој е сопственик на африканскиот рекорд на 100 метри, кој изнесува 9.77, а го истрча на митинг во Најроби во 2021 година.

На Игрите во Токио, 26-годишниот Оманујала стана првиот Кениец, кој се пласирал во полуфиналето на олимписката трка на 100 метри.