Речиси секој втор Британец признава дека не знае целосно да подготви божиќна вечера.

Според резултатите од анкета, 73 отсто од Битанците тврдат дека не се во можност да направат месо печено во рерна со зеленчук и прелиено со сос, традиционален божиќен оброк во Велика Британија. Оваа последна ставка од божиќното мени е најголемата пречка за испитаниците – 81 отсто од нив сметаат дека тешко ќе можат да подготват сос од брусница. Кога станува збор за десертот, 73 отсто од испитаниците тврдат дека не се во можност да подготват божиќен пудинг од сливи натопен во алкохол. Околу 55 отсто ​​од испитаниците велат дека се потпираат на другите да им готват, додека 15 отсто од нив целосно ќе се откажат од идејата за Божиќна вечера, а 8 отсто од испитаниците планираат да одат во паб или ресторан за Божик.

Меѓу одлуките за 2022 година – 41 процент од испитаниците изјавија дека сакаат да научат како да подготват комплетен божиќен оброк следната година.

Анкетата беше спроведена на интернет од Censuswide за синџирот супермаркети Co-op и опфати 2.001 испитаник.