Во последниве месеци, животот не го мазеше. Бред Пит преживеа вистински љубовен бродолом, а неговата поранешна Анџелина Џоли беше безмилосна во борбата за старателство над деца. Сепак, тоа не се одрази на неговиот изглед, како што може да се види од најновите папараци фотографии од филмот „Беше еднаш во Холивуд”. Очигледно животот на самец му годи.

Иако во шестата деценија од животот, познатиот актер одамна е омилен меѓу жените ширум светот, и сега тој покажа дека може и успешно да се трансформира.

Во врвна форма, со малку подолга коса, стилизирана фризура и стил на вечен заводник, тој е доказ дека годините често се многу наклонети кон мажите.

И покрај тоа што во моментот не се гледа крајот на неговите проблеми, тој работи посветено на филмот „Беше еднаш во Холивуд” во последниве месеци. Филмот треба да биде во кината во средината на 2019 година.