Општина Неготино  и Кавадарци ги информираа граѓаните дека поради   трагичен настан кој ја потресе цела држава се откажуваат сите планирани настани и активности по повод „Свети Трифун.

Општина Неготино, градоначалникот Тони Делков и Советот на Општината до семејствата на загинатите упатуваат сочуство за нивната огромна загуба.

И Кавадарци ја откажа денешната манифестација по повод Свети Трифун, кавадарчани може да присуствуваат на литургиите во храмовите и симболичното закројување, информираат од општината по страшната сообраќајка.

 -Ова е голема трагедија за нашата земја, во овие тешки мигови не се опишува болката која ја предизвика оваа голема несреќа.  Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Кавадарци и граѓанитеизразуваат длабоко сочувство до семејствата на загинатите и брзо заздравување на повредените, велат од локалната самоуправа. 

Претходно, културно уметничките програми ги откажаа од општина  Демир Капија.